На Кочан му се слошило, примил инјекција во Идризово

Сеад Кочан утрово бил во лоша здравствена состојба, при што морало да прими инјекција, пренесува „Алсат“.

„Алфи“ вчера го приведоа Кочан, откако го извлекле од приватна болниц, по што го спровеле во затворот, каде почнал да ја издржува затворската казна од 4 години и 8 месеци.

Утрово како што информира Алсат, имал покачен крвен притисок и бил прегледан во затворот, по што добил инјекција.

Од затворот Идризово рекле дека бизнисменот дека добил солидна соба.

– На барање на Кривичниот суд, ние инициравме и Комисија ја ревидираше медицинската документација на приватната болница за пациентот. Од стручниот увид во медицинската документација беше утврдено дека пациентот нема апсолутна индикација за болничко лекување – рекоа денеска од Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави