Неколку лица, меѓу кои и деца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила попладнево пред нплатната рампа на патот Велес-Катланово, дознава 24 Инфо.
Повредените со возила на Итната помош се транспортираат во болниците, а полицијата врши увид.
Според првичните информации, во сообраќајката учествувале три автомобили и камион.
Камионот, кој пренесувал бостан, излетал од патот, но дали по судиротт со автомобилите или за да ги избегне не е познато.