На 02.08.2019 околу 16,20 часот било пријавено дека во Штип на улицата „Борис Данев“ настанал пожар во куќата на Г.Ч. (40), при што била зафатена кровната конструкција и предниот фасаден дел од куќата, а потоа била зафатена и кровната конструкција на соседната куќа сопственост на Т.С.(44). Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип