Нема слободен кревет на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување- КАРИЛ, дознава 24 инфо од свои извори. Според нив деновиве до сите екипи на Брза Помош стигнала дојава дека не треба да се носат пацинети кои во се во животно загрозувачка состојба на оваа клиника бидејќи нема да бидат прифатени поради немање слободен кревет.
Од Министертсвото за здравство добивме насоки да ја бараме Клиниката за реанимација директно или пак одговор на нашето прашање да побараме од одговорната личност. Се јавивме на Клиниката но од таму не добивме одговор ниту пак некој крена телефон по неколкучасовно упорно ѕвонење. Не се јави ниту одговорната на клиниката Маја Мојсова која ни ја посочија од Министерството иако ја баравме неколкупати, а не одговори ниту на пораките кои ги пративме.
Шпреса Хасани, советник за примарна медицина вели дека екипите на Итната медицинска помош не носат пацинети на КАРИЛ, туку само на Ургентните центри во трите државни клиники кај нас.
-НЕможам дави кажам дали има место на КАРИЛ или не бидејќи не работам таму. Можам да ви кажам само дека Итната медицинска помош ги транспортирапацинетите до Ургентните одделенија, а од таму потоа докторите ги упатуваат каде што треба- вели Хасани.
Но во пракса не е така. Доколку има пациенти кои се во животна опсаност се носат дирекно на оваа клиника бидејќи докторот е доволно способен да одлучи каква нега му треба на пацинетот. Само за потсетување за последната сообраќајна несреќа кај Ласкарци неколкумина пацинети веднаш завршија на КАРИЛ, а не на ургентните приемни одделенија.
(В.А.)