Во Штутгарт пред неколку дена беше уапсен маж кос со меч прободе 36 годишен човек среде улица, јавуваат германските медиуми. Иако првично беше објавено дека убиецот е Сириец на возраст од 28 години, сега се појавија нови информации.
Убиецот е идентификуван како Иса Мухамед. Тој, наводно, добил азил во 2015 година, тврдејќи дека е сириски мигрант, но се утврдило дека е Јорданец. Исто така се дознало дека немал 28, туку 30 години.
Според „Билд“, убиецот и жртвата биле цимери. Убиениот маж е Германец со казахстанско потекло, а мотивот за убиството не е познат.
Откако го убил цимерот, Сириецот избегал од местото на злосторството со велосипед. Случаен минувач го снимил целиот настан.