Од понеделник пораст на температурите

Од понеделник следува период на сончево време со повторен пораст на температурата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Инаку, времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец. Вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 22, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.  Максималната температура ќе изнесува 30 степени.

Треба да знаете
Последни објави