Ужас во Ханиоти: Србин се скара со синот на плажа па го застрела
Дваесет и едногодишен Србин е хоспитализиран во грчкиот град Полигирос, откако бил се здобил со прострелна рана во ногата. Инцидентот се случил на првиот крак, во популарното туристичко место Ханиоти, кога 39-годишен маж, татко на момчето прво го удрил со пиштол, а потоа и пукал во бутот на својот син,
Според локалната полиција, младото момче во Ханиоти летувало со својата мајка, поранешна сопруга на мажот кој пукаше. Тие случајно се сретнале околу 13 часот вчера во туристичкото место. На пукањето му претходела расправија, а кај мажот била пронајдена и мала количина на кокаин.
Таткото е уапсен.