Tри лица загинаа меѓу кои и едно дете во сообраќајна несреќа во Србија
Двајца возрасни и едно момче го загубија животот во стравична сообраќајна несреќа која се случи утринава на автопатот од Ниш спрема Блеград, пренесуваат српските медиуми. Уште едно момче е тешко повредено, но ја преживеало несреќата и е сместено во болницата во Смедерево.
На лице место загина едно лице, додека дргугите две им подлегнале на повредите на пат кон болница.
Сведоци од местото на настанот велат дека по силниот судар, автомобилите се запалиле.
Загинатото семејство се возело во автомобил со крагуевски регистарски таблички, додека другото возило било со турски таблички.