Во Москва и денеска се одржаа протести поради исклучувањето на некои независни и опозициски кандидати од трката за Градското собрание.
Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека московската полиција привела 30 граѓани поради што учествувале во недозволен митинг во центарот на Москва, а против нив е подигнато обвинение за нарушување на јавниот ред и мир.
Независна група за мониторинг „ОВД-инфо” тврди дека полицијата привела најмалку 300 луѓе.
Додека според странските медиуми во Москва се приведени речиси сто лица, меѓу кои и истакнатата активистка Љубов Собол.
Протестите уследија откако на голем број опозициски кандидати им беше забрането да учествуваат на локалните избори во Москва што се закажани во септември.
Власта тврди дека опозициските кандидати не успеале да соберат доволен број потписи за да се регистрираат, додека исклучените кандидати истакнуваат дека тоа е лага и инсистираат на учество на изборите.