Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша указ за нови санкции против земјите кои употребуваат хемиско или биолошко оружје.
Указот е објавен на сајтот на Белата куќа и во него се наведуваат измени и прецизирања на неколку документи усвоени претходно, како Законот за ликвидација на хемиското и биолошкото оружје од 1991 година.
Иако указот е против Русија и вмешаноста на Москва во труењето на пореншниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија, во документот никаде не се споменува оваа земја, туку е насочен генерално против „странски држави”.
Во консултација со државниот секретар Министерството за финансии може да воведе казнени мерки на противдејство на давање парични заеми, финансиска или техничка помош од страна на меѓународни кредитори и забрана на банкарски или небанкарски кредитни организации од САД да финансираат проекти реализирани во замјата подложна на санкции (со исклучок кредитирање на закупи за замјоделско производство).
Според некои американски медиуми, документот е поврзан со хемискиот напад против Скрипал лани во март во Солзбери, Велика Британија. Повикувајќи се на два неименувани извори во администрацијата на претседателот, изданието „Политико” потврди дека се воведуваат „санкции против Русија”.
Указот се совпаѓа со писмото до Трамп на демократот Елиот Енгел и републиканецот Мајкл Палати, членови на Претсавничкиот дом, во кое повикаа воведување втор пакет санкции против Русија во однос на случајот со труењето на Скрипал, како што е предвидено со законот. Првиот пакет санкции стапи во сили лани во август, и предвидува проширување доколку Москва не изнесе пред Вашингтон дополнителни гаранции за неприменување хемиско и биолошко оружје.
Како што е познато, руските власти одрекуваат секаква вмешаност во хемискиот напад во Солзбери.