Најсески бабата од Белград има 50 години – се омажила за мистериозен милионер, а ѝ се случила и голема трагедија

Најсески бабата од Белград има 50 години – се омажила за мистериозен милионер, а ѝ се случила и голема трагедија

Жаклина Беридо Пизано од Србија е најсекси баба на светот. Ако не верувате во тоа, само погледнете ги нејзините фотографии.

Оваа модна блогерка, која има 50 години, го одзема здивот. А во животот таа поминала низ вистинска голгота.

Жаклина инвестира многу пари во нејзиниот изглед и гардероба, но зад нејзиниот беспрекорен изглед се крие голема тага. Таа го изгубила својот син во сообраќајна несреќа во Белград, на Бадник 2016 година. Сега на секоја нејзина фотографија става хаштаг #rememberstefan, во спомен на Стефан, кого го нарекува ангел чувар.

„Јас сум мајка на Јана, а го изгубив второто дете, синот Стефан, кој почина на 23-годишна возраст во сообраќајна несреќа. Го прегази автомобил на пешачки премин во Белград во 2016 година. Беше многу болно, тешко, несовладливо. Сега се посветив на моите внуки чии фотографии ги отстранив од социјалните мрежи, останаа само некои на кои не им се гледаат нивните лица“, вели Жаклина.

Родена е во Белград, но живее во странство долги години. Многу модни списанија пишуваат за неа и нејзиниот живот. Таа работи со многу луксузни брендови, а нејзиното тело е навистина совршено. Таа „има лек“ и за тоа.

„Јадам многу овошје и пијам многу вода. Јадам едно авокадо на ден, не пушам и не пијам. Јадам риба, морска храна, месо и зеленчук. Од моите 10 години вежбам барем 45 минути на ден. Неопходно редовно да се вежба и да се има здрава исхрана. И ја негувам и мојата душа “, открива Жаклина.

Таа е мажена за Италијанец чиј идентитет вешто го крие од јавноста, а иако има својот Инстаграм наместо името, тој го напишал прекарот – „Таа ме нарекува г-дин Совршен“. И навистина, Жаклина има само добри зборови за својот сопруг.

https://www.instagram.com/p/BngM-wfB8nJ/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BnoKJlehurv/?utm_source=ig_embed

„Мојот Господин Совршен. Тој е целиот мој свет иако не е еден од оние луѓе кои сака да се експонира. Мислам дека сега е совршен момент да го пртставам на сите”, напиша Жаклина, со фотографија од црвен тепих во Кан на која позира со нејзиниот сопруг .

https://www.instagram.com/p/ByFt9P0ola6/?utm_source=ig_embed

Треба да знаете
Последни објави