ВМРО-ДПМНЕ е научена само да зема од граѓаните, затоа е против секоја мерка со која парите се враќаат кај граѓаните. Синоним за погубни и деструктивни политики се токму политиките на ВМРО-ДПМНЕ, преку кои граѓаните континуирано осиромашуваа, додека криминалните апетити на Груевски и фамилијата растеа. Во белиот дворец се научени само на земање пари од граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ враќањето пари назад кај граѓаните е непознат поим и затоа се против секоја мерка што обезбедува повеќе пари во семејните буџети.
Граѓаните добро паметат дека за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ струјата поскапе за 100 отсто, а евтината тарифа беше укината, додека Христијан Мицкоски му беше советник за енергетика на Груевски. Тоа е време кога парите на граѓаните завршуваа во белиот дворец.
Наспроти расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ работи транспарентно, одговорно и домаќински.
Наспроти земањето од џебот на граѓаните , денес парите се враќаат во семејните буџети на граѓаните.
Владата предводена од СДСМ ја укина Радиодифузната такса, ја воведе евтината тарифа на струјата, го укина паушалот на исклучените граѓани од парно греење и го намали ДДВ-то од 18 на 5 отсто, со што сега сметките за парно се за 6 отсто пониски на корисниците на БЕГ.
Денес, наместо неисплатени субвенции, лаги, закани, уцени и притисоци кон земјоделците Владата предводена од СДСМ воведе сет мерки со кои парите се враќаат кај земјоделецот. Зелената нафта со која околу 55 000 земјоделци имаат намален трошок за 30 отсто, а 200 милиони денари се враќаат кај земјоделците.
Истовремено, покрај намалувањето на трошоците за живот, економијата бележи раст од 4.1 отсо БДП од првиот квартал од 2019 година, раст на платите и пензиите и пад на невработеноста на историски најниски 17.8% .
За нас зборот важи, реализираме мерки во интерес на граѓаните.