Манчестер Сити се доближува до привлекување на десниот бек на Јувентус, Жоао Кансело.
Договорот се очекува да биде финализиран пред крајот на трансфер прозорецот во Англија, кој се затвора на 8 август. Цената ќе биде во опсег од 35 милиони, а во спротивна насока ќе оди дефанзивецот на „граѓаните” Данило.
Англиските и италијанските медиуми додаваат дека трансферот се очекува да биде официјализиран по натпреварот за „Комјунити Шилд” помеѓу Ливерпул и Сити. Бразилецот Данило не е во групата на англискиот шампион за овој натпревар.
Односите меѓу Кансело и навивачите на „старата дама” се затегнаа откако Португалецот откажал да го обнови договорот.