Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг имаа причина за славење – честитки пристигнаа од сите страни
Пејачката Тијана Дапчевиќ на Инстаграм сподели дека таа и нејзиниот сопруг имаат голема причина за славеење. Имено, тие слават 20 години од брак. Пејачката одлучи годишнината на сопругот да му ја честита и на социјалните мрежи, каде објави колаж фотографија од неа и Милан во младоста, и фотографија од нив двајца направена на FaceApp, на која се гледа како ќе изгледаат во староста.
Во описот на фотографијата напиша:
„Те сакам Милан Дапчевиќ. Да бидеме заедно уште 20 и 20 и 20 години (да бидеме вакви како „Faceapp“) и да се сакаме засекогаш“.
https://www.instagram.com/p/B0qb99Qh6fd/