На 02.08.2019 година во 16,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-с.Ново Село, поточно кај с.Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Шкода Фабиа“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(58) од Струмица и патничко моторно возило “БМВ“ со германски национални ознаки управувано од Т.М.(30) од с.Владевци струмичко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото “Шкода Фабиа“ З.Ѓ.(64), а со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото “БМВ“ Н.М.(58). Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Струмица.