Шумски пожар изби претпладнево во близина на античка Олимпија во западниот дел на Пелопонез, а грчката противпожарна служба со 25 пожарникари, 12 возила, два авиони и еден хеликоптер се справува со огнените јазици, jави дописничката на МИА од Атина.
Заменикот префект на областа Илиас, регионот во кој спаѓа Олимпија, Јоргос Георгиопулос за грчката новинска агенција АНА-МПА изјави дека не постои опасност за населените места и додаде дека силниот ветер го отежнува гаснењето на пожарот.