(Видео) Локализиран пожарот во „папагал-зградата” во центарот на Скопје

Пожарот кој вечерва изби во еден од становите во „папагал-зградата” во центарот на Скопје е локализиран и е под контрола, информираат од противпожарната служба.

Четири возила со десетина пожарникари се уште се на терен и го расчистуваат теренот. Пожар настанал околу 20 часот и 30 минути, а причините дополнително ќе се утврдуваат.

https://www.instagram.com/p/B0wN1QCgNr4/

На пожарот му претходеше силна експлозија што ги вознемири граѓаните, па се претпостасува дека станува збор за експлозија на плинска боца.

Треба да знаете
Последни објави