Гори автомобил после Гевгелија на автопат за Грција, сообраќајот во прекин

Гори автомобил после Гевгелија на автопат за Грција, сообраќајот во прекин

Автомобил од засега непознати причини се запали и се уште гори после Гевгелија на автопатот за Грција, јавува репортерот на ТВ21.

Според информациите од терен, нема повредени лица бидејќи веднаш го напуштиле автомобилот откако избувнал пламен.

Сообраќајот е во прекин во овој правец, а на лице место увид изврши полиција, присутни се противпожарни екипи и екипа на брза помош.

Извор: тв21

Треба да знаете
Последни објави