Меѓу убиените во вооружениот напад во американскиот град Дејтон, што го изврши Конор Бетс (24), била и неговата сестра, Меган Бетс (22), пренесуваат американските медиуми. Тој за помалку од една минута убил деветмина и повредил уште 16 други кога влегол во кафуле во Дејтон,
Охајо, и почнал да пука кон гостите.
Сестрата на напаѓачот во масовното пукање во градот Дејтон во американската сојузна држава Охајо, е меѓу жртвите деветте жртви, изјави во неделата портпаролот на локалната полиција во текот на прес-конференцијата која ја пренесуваше телевизиската мрежа Fox News.
„Втората жртва е Меган Бетс, бела жена, на 22-годишна возраст“, рече полицискиот портпарол читајќи го списокот на жртвите. Во нападот животите ги загубија десет лица, вклучително и напаѓачот кој бил елиминиран од полицијата, а уште 27 луѓе се ранети.
Подоцна, прецизирајќи по новинарско прашања, дали се точни извештаите дека телот на сестрата на напаѓачот е најдено на друга локација, портпролот одговори „сите жртви се најдени во истата област“.
Малку претходно телевизиската мрежа CBS News објави дека полицијата во Охајо го идентификувала вооружениот напаѓач како 24-годишниот Конор Бетс, кој живееел во близина на местото на злосторството, во градот Белбрук.
Подоцна телевизијата NBC News, повикувајќи се на свои извори од безбедносните служби, објави дека сестрата на осомничениот за масовното убиство во Охајо, заедно со својата пријателка, биле најдени застрелани во автомобил.
Во нападот напаѓачот користел автоматска пушка со калибар 5,67 милиметри, соопшти градоначалниката на Дејтон, Нен Вејли.
„Осомничениот имал заштитен елек, тој користел јуришна пушка од тикот АК со патрони со калибар 0,223 инчи (5,7 милометри), со зголемен магацин за муниција, а имал и дополнителни магацини“, рече Вејли.
Таа ја потврди информацијата за девет жртви, како и самиот напаѓач, кого полициајците успеале да го неутрализираат за само една минута, а 27 лица се ранети, до кои 15 се веќе отпуштени од болниците.
Полицијата го пребарала домот на Бетс, но сè уште не откриваат дали пронашла докази дека тој го планирал масакрот.