Амансио Ортега кој е најбогат човек во Европа и трет најбогат човек во светот, својот летен одмор го искористи за посета на Хрватска.
Ортега е сопственик на модната компанија „Индитекс“, чиишто брендови се „Зара“, но и на уште низа популарни ланци за улична мода како што се „Бершка“, „Масимо Дјути“, „Страдивариус“ и „Пул енд Беар“.
Шпанецот има 83 години и ретко се појавува во медиумите.
Ширум светот, Ортега има повеќе од 6.600 продавници.