Понекогаш е добро да ја слушате интуицијата која ни кажува дека некој сака да ви наштети. Колку и да звучи како параноја или сценарио од лош филм, токму тоа го спасило животот на една жена откако со скриена камера разбрала дека нејзиниот сопруг со месеци ја труел систематски.
Тереза Козловски од Макомб, Мичиген, САД, поставила камера во кујната откако сфатила дека ѝ е лошо секој пат кога нејзиниот сопруг Брајан ќе и донел кафе или друг пијалок. Поради тоа што го снимила Брајан завршил во затвор. На снимките се гледа како тој и става антихистаминик, а резултатите покажале дека ја труел од 2018 година.
На судењето Тереза рече дека секој пат по примената доза се чувствувала уморна, слаба, а имала и заматен вид, па во една прилика скоро и да предизвикало сообраќајна незгода, што ја натерало да се посомнева дека нејзиниот сопруг сакал да ја убие.
Адвокатот на нејзиниот сопруг изјавил дека неговиот клиент се покајал, како и дека тоа го сторил поради грдиот развод низ кој поминувале.
Иако беше докажано дека ја труеше својата сопруга, Брајан доби само 60 дена затвор.
– Зачудувачки е што некој што сторил такво дело, кој го загрозил животот на својата сопруга и многу други, добил таква блага казна. Имаме среќа што жртвата не заспала додека се возела со автомобилот, што можело да предизвика нејзина смрт или смрт на други луѓе, рече обвинителот Ерик Смит по казната.
Видеото може да го видите тука.