-Осомничената вчера се пријавила во полициска станица Карпош и изјавила дека при вршење семејно насилство, со задушување ја лишила од живот сопствената мајка. Како мотив за сторување на кривичното дело навела меѓусебни несогласувања и расправии заради финансиски средства.
Дежурен јавен обвинител веднаш излезе на увид на лице место, во домот во кој мајката и ќерката живееле заедно. Притоа, затекнатото безживотно тело на 74-годишната жена со наредба на јавниот обвинител е предадено за обдукција. Во исто време, издадена е наредба за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, велат од ОЈО.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничената. Надлежниот суд го прифати предлогот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена.
МВР вчера информираш дека во 8:10 часот, А.И. (46) од Скопје пријавила дека на улица „Ристо Равановски” во нивниот дом со давење ја убила нејзината мајка В.И. (74).