Селото Тресонче овој месец ќе одбележи 200 години од раѓањето на Дичо Зографот.
Подготовките за меморијалот што ќе се одржи на 31 август и 1 септември, се во тек. Дел се одвиваат во дворот на црквата „Св. Петар и Павле”, а дел кај камбанаријата. Направена е и спомен-чешмата. Се уредува и специјалната одаја посветена на Дичо Зограф.
Димитар Крстев познат како Дичо Зографот е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19 век. И припаѓал на т.н. дебарска школа. Роден е 1819 година во маалото Лековци во Тресонче. Во неговиот краток живот насликал повеќе од 2.000 икони за правоверските цркви.