Убиецот од Ел Пасо пред масакрот објавил расистички манифест

Патрик Крузиус (21) од градот Алена во Тексас, кој уби 20 лица вчера во трговскиот центар Волмарт во градот Ел Пасо на границата со Мексико, 20 минути пред да го изврши масакрот објавил расистички манифест на Твитер.

Во документот Крузијус пишувал за „инвазија на Латиноамериканци во Тексас“  и ги обвинувал мигрантите од „првата генерација“ дека ја измешале културата на мериканците и им ги земале работните места.

-Знам дека медиумите ќе го обвинат Трамп и неговата реторика. Но мојот план е направен пред изборот на Трамп, напишал убиецот.

Тој нападот не го сметал за акт на империјализам, туку одбрана на државата од ваквата инвазија. Негова мета беше трговски центар во кој често доаѓаат мексикански туристи.

Во постовите на социјалните мрежи Крузиус го фалел американскиот претседател Доналд Трамп, особено неговото инсистирање да се изгради ѕид вдолж американската граница со Мексико.

Официјалните лица не понудија прецизен мотив за нападот во кој и 26 лица се повредени, но началникот на полицијата на Ел Пасо, Грег Ален, рече дека убиствата може да се водат како злосторство од омраза. Кога бил опколен од полицијата, Крузијус се предал без противење.

Претседателот Трамп го осуди колежот во Ел Пасо како „кукавички чин“ и на Твитер напиша: „Не постојат причини ни изговори кои некогаш можат да оправдаат убивање невини луѓе’.

Објавувајќи го бројот на жртвите на прес-конференција, тексашкиот гувернер Грег Ебот кажа дека ова е „еден од најсмртоносните денови во историјата на Тексас“.

Треба да знаете
Последни објави