Шумахер Џуниор со својата прва победа во Формула 2

Мик Шумахер ја освои својата прва победа во Формула 2. 20-годишниот Германец стартуваше на прво место и заврши на тоа место на спринтерската трка во Будимпешта.

Шумахер направи 28 круга на патеката „Хунгароринг” и заврши со 1,4 секунди пред јапонскиот пилот Нобухару Мацушита, заработувајќи го својот прв успех за тимот на „Према Рејсинг”.

Германскиот пилот остана на осмото место на втората трка во Ф2 овој викенд во главниот град на Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави