ЕП У18: Јуниорите останаа без бронза и пласман во елитната дивизија

Јуниорската кошаркарска репрезентација се пласира на четвртото место на Европското првенство за кошаркари до 18 години (дивизија Б) откако на дуелот за третото место загуби од селекцијата на Чешка со 89-80.

Репрезентативците ја минаа фуриозно групната фаза, откако забележаа максимални пет победи од пет одиграни натпревари. „Жолто-црвените” победија против Естонија во четвртфиналето, но доживеаја пораз од Израел во полуфиналето. Тоа значеше дуел за трето место против Чешка.

Јуниорите не успеаја да запишат триумф на осмиот натпревар на ова првенство и на крајот останаа без пласман во најсилната дивизија.

Најефикасен во нашата селекција беше Марко Миловановиќ со 24 поени, Лука Савичевиќ постигна 17, а Андреј Јакимовски 17.

Треба да знаете
Последни објави