Усеини: Ако државата ги урне сите 1.401 дивоградби, јас сам ќе си го урнам мојот објект

Во Охрид има 1.401 дивоградби, доколку Општина Охрид одлучи да го урне мојот локал, тогаш ќе треба да урне уште многу други локални кои се наоѓаат до езерото, вели советникот на ДУИ, Нефи Усеини, за ТВ21.

Усеини предизвика интерес кај јавноста поради  дивоградбата-пицерија кај чинарот во Охрид , но и поради неговото однесување откако беше обвинет дека нападнал инспектор и професор.

-Град Охрид има 1.401 дивоградби кои постојат веќе неколку години. Мојот локал со документација не е нелегален, имам документи“, вели Усеини.

Како што пренесува телевизијата, тој тврди дека „сите му се качиле на глава“ бидејќи тој е единствениот Албанец кој поседува локал во Охрид.

-Дивоградбите во близина на езерото, хотелите, рестораните, терасите, јас сметам дека треба да има правда од општината. Државата нека презема мерки и да ги урне тие објекти кои се до езерото, кои го загризуваат градот Охрид со исклучување од УНЕСКО“, рече Усеини.

Треба да знаете
Последни објави