Секој граѓанин, ако од него полициски или царински службеник побара мито, да го пријави случајот во МВР, апелира денеска портпаролот, Тони Ангеловски.
-Нашиот Оддел за внатрешна контрола веднаш ќе реагира. Заедно да ги сузбиеме овие несакани појави, изјави Ангеловски, информирајќи за денешното приведување на петмината полицајци од ГП „Богородица”.
-Ние преземаме мерки против сите службеници. Минатата недела имавме акција против царински служебници, сега имаме за полициски службеници, истакна портпаролот и дополни дека полицијата продожува со конктунирани проверки.
Ангеловски, како што претпладнево соопшти МВР; рече дека кај петмина полициски службеници од граничниот премин „Богородица” се пронајдени и одземени денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци. Тие се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди дејствувал по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полицајците.
Портпаролот на МВР информира и за 45-те мигранти кои вчера полицијата ги пронајде во два наврата.