Бугарин прегазил старица на Партизанска па избегал

Во СВР Скопје вчера во 10.30 часот било пријавено дека на булеварот Партизански одреди патничко моторно возило „форд галакси” со бугарски национални ознаки удрило во пешакот В.Д.(78), по што возачот избегал од местото на настанот.

Старицата со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави