Пожарот кој вечерва изби во еден од становите во „папагал-зградата” во центарот на Скопје е локализиран и е под контрола, информираат од противпожарната служба.
Четири возила со десетина пожарникари се уште се на терен и го расчистуваат теренот. Пожар настанал околу 20 часот и 30 минути, а причините дополнително ќе се утврдуваат.
https://www.instagram.com/p/B0wN1QCgNr4/
На пожарот му претходеше силна експлозија што ги вознемири граѓаните, па се претпостасува дека станува збор за експлозија на плинска боца.