Најмалку девет лица загинаа откако маж во еден часот по полноќ по локално време влезе во кафуле во американскиот град Дејтон и почна да пука. При нападот повредени се над 16 луѓе.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е убиен,.
Според локалните медиуми мажот извадил пиштол и почнал да пука откако не му бил дозволен влез во објектот.
Инцидентот се случи само неколку часа откако во Ел Пасо 21-годишно момче уби 20 и повреди 26 луѓе откако отвори оган во продавница на „Волмарт”.
По инцидентот 21-годишниот Красијус е уапсен во предградие на Далас, околу 1.000 километри источно од Ел Пасо.
Американската полиција соопшти дека убиствата најверојатно се извршени поради омраза. Красијус 20 минути пред нападот поставил на интернет документ во кој ги обвинува Латиноамериканците и Американците од првата генерација за одземање на работните места и за мешање на културите во САД.
Двата вооружени инциденти се случуваат откако на 29 јули 19-годишно момче уби три лица, од кои две деца на фестивал за храна во северна Калифорнија.
Инцидентот во Дејтон е 22 масакр во САД во 2019 година, според податоците на Североисточниот универзитет, кој ги следи сите убиства во земјата од 2006 година во кои загинале четворица или повеќе лица, не вклучувајќи ги напаѓачите. Во првите 20 масовни убиства во САД годинава загинале 96 луѓе.