Пожарникарите во последните 24 часа изгасија десет пожари кои зафатија подрачје од 3.700 хектари во сибирската република Јакутија.
– Целото подрачје зафатено од пожари изнесува 1,2 милиони хектари, соопштија денеска локалните власти.
Во гаснењето на огнот ангажирани се околу 860 пожарникари со 96 парчиња опрема и пет авиони за надгледување, кои извршиле 14 летови.
Во Јакутија од 1 август во сила е вонредна состојба поради пожарите.