Турската војска ќе спроведе операција источно од реката Еуфрат, во северна Сирија, во подрачје контролирано од Курдската единица за заштита на народот, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и додаде дека САД и Русија се веќе запознаени со акцијата, пренесува Ројтерс.
Британската агенција наведува дека Турција полека го губи трпението со САД, кои имаа договор со Анкара за создавање безбедна зона во североисточна Сирија.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година објави дека американските сили ќе се повлечат од северна Сирија, САД и Турција склучија договор за создавање на безбедна зона во Сирија долж североисточната граница на земјата со Турција, а договорот предвидува дека во споменатата област повеќе нема да има членови на милицијата на Курдската единица за заштита на народот.
Милицијата беше главниот сојузник на САД во Сирија за време на американските операции против Исламската држава, додека Турција смета дека Курдската единица за заштита на народот е терористичка организација, пренесува Ројтерс.
Анкара го предупредуваше Вашингтон дека недоволно напредува во создавањето на безбедна зона и ги повика САД да ги затегнат односите со Курдите.