Четириесетте мигранти кои беа спасени во близина на либискиот брег со чамци на војската на Малта се пренесени во оваа држава, соопшти германската организација „Си ај“.
Европската комисија ќе организира распределба на мигрантите во други земји-членки на Европската Унија.
Премиерот на Малта, Јозеф Мускат, објави на „Твитер“ дека државата ќе им дозволи на 40 мигранти да се симнат од бродот Ален Курди, на барање на Германија.
Бродот со мигрантите се упати кон Малта откако Италија повторно одби да го отвори пристаништето за спасувачки бродови кои се наоѓаат во Средоземното Море.
Министерот за внатрешни работи на Германија, Хорст Зехофер, рече дека Малта испраќа важна порака за солидарност.