Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, објави кој ќе биде новиот капитен на тимот следната сезона.
Позицијата остана празна откако долгогодишниот капитен Антонио Валенсија го напушти клубот преку летниот преоден рок.
Голманот Давид Де Хеа излезе во пријателска против Милан со капитенската лента, но Солскјер јасно стави до знаење дека ќе му биде доверена на 34-годишниот Ешли Јанг.
Тој ќе ја носи лентата, но нема гаранција дека ќе излегува теренот на секој натпревар.
– Секако, Давид е меѓу играчите кои ќе ја носат лентата. Но, кога Еш е на теренот, ленатата ќе биде негова. Ако Еш е носител, тој ќе биде капитен. Дали ова значи дека Јанг стана нов капитен на Јунајтед? Може и така да се каже, изјави норвешкиот стратег, цитиран од Манчестер Ивнинг Њуз.