Тројца стружани демолирале кафуле во тепачка

Три лица демолирале кафуле во Струга во тепачка. Според информаците на МВР, вчера во 08 часот било пријавено дека на улицата „15-ти Корпус“, во кафе бар лицата С.Б.(33), Д.А.(36) и И.И.(24) сите од Струга, започнале расправија, а потоа почнале да го кршат инвентарот во кафе барот.

Лицата биле приведени во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави