Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон победи денеска на Големата награда на Унгарија, која се возеше на патеката „Хунгароринг“.
Хамилтон денеска со одличната стратегија на Мерцедес им се врати на победите, негова осма во оваа сезона. Хамилтон на 20 круга пред крајот откако влезе во пит-стоп се најде на 20 секунди зад Макс Верстапен, кој тргна од пол-позицијата, но четири круга пред крајот успеа да го престигне со одлично возење и на крајот да запише нов триумф.
Себастијан Фетел го зазеде последното место на почесниот подиум. Четирикратниот светски првак го надмина тимскиот колега Шарл Леклер во последните обиколки, со што е нејасно дали станува збор за тимска команда или дали Фетел бил побрз. Вториот по крајот на квалификациите, Валтери Ботас имаше несреќа да го удри Хамилтон на стартот, оштетувајќи го предниот дел на неговиот автомобил и влезе во боксот. На крајот, финецот се искачи до 8-то место.
Хамилтон сега има 250 бодови во генералниот пласман, втор е Валери Ботас со 188, а трет Верстапен со 181. Следат Фетел и Леклерк, двоецот од Ферари со 156 односно 132 бода.