Бројот на загинати во масакрот во американскиот град Ел Пасо, Тексас, денеска се искачи на 22, откако две повредени лица им подлегнаа на повредите.
Д-р Стивен Флаерти од Медицинскиот центар Дел Сол објави дека еден пациент починал денеска, додека порано полицијата соопшти дека уште едно повредено лице им подлегнало на повредите.
Нападот во Ел Пасо се случи во саботата навечер, само неколку часа пред друг напад во Охајо, каде загинаа девет лица во Дејтон, а 16 беа повредени.