Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека „Олуја“ кон Србите нема никогаш повеќе да се повтори, додавајќи дека ,,никој за тоа не треба да сонува”.
„Ако во Хрватска ја подготвуваат за некој друг, тоа е веќе нивен проблем. Но на Србите немојте да им се заканувате”, рече Вулин, коментирајќи го обраќањето на хрватскиот министер за одбрана, Дамир Крстичевиќ на приемот за воените команданти на Книн, по повод 24-годишнината од операцијата ,,Олуја”, во кое тој рече дека хрватската армија е подготвена за нова „Олуја”.
Вулин рече дека „не постои земја во светот којашто се радува на протерувањето на своите државјани и не постои земја во Европа што сè уште се придржува кон фашистичката идеологија и практика како што тоа го прави Хрватска“, соопшти Министерството за одбрана.
,,Злосторничката ‘Олуја’ можат да ја слават само оние на кои им е нормално да положат венци на гробовите на усташите и на кои им е нормално да не се почитува Уставниот суд. Србија не сака ниту една педа од Хрватска, а се помалку го сакаат тоа и Хрватите кои масовно ја напуштаат “, рече Вулин.