Четири лица се повредени во експлозијата што се случи денес во складиште за муниција во воена база во рускиот регион Краснојарск, а Министерството за вонредни состојби нареди евакуација на населението во радиус од 20 километри, соопшти прес-службата на министерството.
Како што се наведува, евакуирано е населението што живее во близина на воениот магацин во Ачинск, пренесува ТАСС.
Според шефот на округот, Евгениј Розанчугов, експлозиите продолжуваат и на никого не му е дозволен приод кон магацинот.
Пожарот избувнал на две локации во кои биле складирани 40.000 куршуми.
Прозорците на станбените згради во околината, исто така, се вели дека испукале.