Црногорската Полициска управа денеска соопшти дека била лажна дојавата за бомба во просториите на чешката амбасада во Подгорица, што беше примена околу 10 часот.
„Полицијата, во соработка со персоналот на амбасадата и почитувајќи ги безбедносните протоколи, презеде мерки на противдиверзиска заштита при што не е утврдено присуство на експлозивни направи или експлозивни материи во просториите што припаѓаат на амбасадата“, ЦДМ ги пренесува наводите од полициското соопштение.
Се тврди дека се преземаат неопходни мерки за да се идентификува лицето кое, со повик, лажно пријавило дека е поставена бомба во просториите на амбасадата.