Мојсиловиќ: Србија доби поддршка од руската војска за предизвиците на Косово

Началникот на Генералштабот на бојската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ изјави дека во разговор со началникот на Генералштабот на Русија добил „поддршка за тоа како да се работи во однос на Косово”.

-Ние се уште сметаме дека тоа е српска територија, а едностраните потези на Приштина ја влошуваат безбедносната состојба. Секако, особено нè интересира безбедноста на Србите, не само во северно Косово, туку и низ целата покраина, изјави Мојсиловиќ за Вечерње новости, по неговата прва официјална посета на колегите во Москва.

Тој кажа дека за време на разговорите со рускиот началник на Генералштабот, генерал Валериј Герасимов, добил потврда дека Русија, како стратешки партнер на Србија, ќе продолжи да обезбедува „многустрана поддршка”.

За сомнежите на НАТО кога станува збор српските воени маневри со Русија, началникот на српскиот Генералштабот кажа дека „ние сме отворени и подготвени за соработка и да вежбаме со сите.”

– Суштината на овие активности и соработката е покревање на квалитетот на нашите единици, кажа генералот Мојсиловиќ.

Треба да знаете
Последни објави