Најдобриот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ 263. недела ќе помине на врвот од АТП-листата. Првиот светски рекет е уште еден чекор поблиску до историски успех кога се во прашање поминатите недели на врвот од АТП-листата. Пред Ѓоковиќ сега се Џими Конорс (268 недели), Иван Лендел (270), Пит Сампрас (286) и Роџер Федерер (310).
Ѓоковиќ има 12.415 бодови, заднего Рафаел Надал заостанува 4.470 поени, а Федерер има помалку 4.955. Србинот Ѓоковиќ и Швајцарецот Федерер нема да настапат неделава на „Роџерс купот“ каде титулата ќе ја брани Надал.
1. (1.) Новак Ѓоковиќ (Србија) 12.415 бодови
2. (2.) Рафаел Надал (Шпанија) 7.945
3. (3.) Роџер Федерер (Швајцарија) 7.460
4. (4.) Доминик Тим (Австрија) 4.755
5. (6.) Стефанос Циципас (Грција) 4.045
6. (7.) Кеи Нишикори (Јапонија) 4.040
7. (5.) Александер Зверев (Германија) 4.005
8. (8.) Карен Хачанов (Русија) 2.890
9. (10.) Данил Медведев (Русија) 2.625