Австралијка заболена од карцином е првата пациентка која го употреби законот за потпомогната смрт

Австралијка заболена од карцином на дојка стана првата личност која стави крај на својот живот, според новите закони за помош при умирање. Шеесетиедногодишната Кери Робертсон почина во јули во старски дом во државата Викторија.

Таа, по 26-дневен процес на одобрување, доби дозвола да го користи контроверзниот закон, кој постои само во Викторија, но се разгледува и во други држави.

Законодавството на Викторија, кое стапи во сила во јуни, им овозможува на терминално болните пациенти, кои исполнуваат одредени услови, право на пристап до смртоносни лекови.

Нејзиното семејство рекло дека Кери е во можност да има овластена смрт што ја сакала.

Робертсон беше дијагностицирана со карцином на дојка во 2010 година, а подоцна се прошири на нејзините коски, белите дробови, мозокот и црниот дроб.

„Таа одлучи да престане со хемотерапија и третман со зрачење во март, откако несаканите ефекти и болката станаа неподносливи“, велат од нејзиното семејство.

Треба да знаете
Последни објави