Американските крофни воопшто не се нивни. Тие потекнуваат од европскиот континент и тоа од Данска. Првобитниот рецепт од ова слатко задоволство Американците го присвоиле и направиле модификација само на изгледот. Оригиналните крофни немале дупка во средината. Поточно, во 1840 година, данскиот морнар Хансон Грегори подготвил за неговиот екипаж ефтино слатко наречено “olykoek“ што во превод значи пржено слатко тесто. За да го направи побогат, тој ставал ореви, со што го преименувал „крофни“. И после многу години ова јадење не се сменило премногу и останало такво се до 1920 година кога рускиот имигрант Адолф Левит додал дупка во слаткото тесто и создаде форма слична на денес. Овој иноватор, всушност, е одговорен за денешниот изглед на крофни и заработил 25 милиони долари од продажбата на неговиот изум. Денес, скоро 100 години подоцна, во Америка се создаваат повеќе од 10 милијарди крофни годишно, со што се создаваат 3,5 милијарди американски долари приход. Од друга страна, Данкин Донатс, една од најпознатите компании во која се вработени 18.000 работници, генерира повеќе од 1,3 милијарди американски долари годишна продажба на овие славни слатки задоволства.