Антикорупциска кривично ќе го гони Беџети за дивоградбата на Матка, на тапет и Рашковски

Комисијата за спречување корупција  поведе постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Сарај поради дивоградбите на Матка. По увидот на лице место и во целокупната документација, антикорупционерите утврдиле дека градоначалникот Блерим Беџети имал законска обврска да ги одбие барањата за легализација на времените објекти, но наместо тоа тој овие предмети ги чувал во фиока.

Со ваквото непостапување, антикорупционерите сметаат дека е прекршен законот за локална самоуправа. Покрај постапката за кривично гонење,  антикорупциска исто така ќе испрати и предлог до Владата обврските на општината да ги превземе Министерството за транспорт и врски, а Министерството за животна средина и просторно планирање да ја прогласи Матка за заштитено подрачје.

На денешната седница  Комисијата исто така на сопствена иницијатива оформи предмет за дивоградбите  во општина Охрид и за спорниот тендер на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски за набавка и инсталација на АТМ систем за управување со воздушен сообраќај.

 

Треба да знаете
Последни објави