Барселона се откажа од Нејмар

Најдобриот фудбалер на францускиот ПСЖ, Бразилецот Нејмар Да Силва ова лето нема да се врати во редовите на шпанската Барселона. И покрај бројните информации во фудбалските кругови и најавите дека работата е пред крај, оваа вест ја соопшти потпредседателот на шпанскиот првак Барселона, Жорди Кардонер.

-Не постои „Случај Нејмар“ како што соопшти претседателот Бартомеу. Работата е многу замрсена … Ние сме пасивни, иако знаеме дека Нејмар се изјасни оти не е задоволен во Париз и сака да си заминен -рече Кардонер за клупската телевизија.

Барселна не разговарала на оваа тема со Нејмар, иако на големо медиумите во Европа пишуваат за ваков трансфер.

-Имаме голем меѓусебен респект како клубови. Доколку посакаме трансфер на Нејмар тогаш ќе почнеме да разговараме на ниво. Не е време за тоа и затоа нема ништо од тоа – додаде Кардонер.

Нејмар од Барселона во ПСЖ замина по несогласувањата со челниците на каталонскиот гигант за неверојатни 222 милиони евра. По овој трансфер на брезата на сите играчи им се зголеми цената на пазарот. Набрзо Нејмар се предомисли и сака да замине од Париз во обратна насока. Како опција по изјавите на челниците на шпанскиот гигант Барселона, тој трансфер отпаѓа, а веројатно и неговата преселба во Реал Мадрид кој летово веќе потроши 300 милиони евра за реконструкција на тимот.

Треба да знаете
Последни објави