Британците стравуваат од руските нечујни подморници

Британците стравуваат дека новите руски подморници „Варшавјанка“ или Проект 636, познати исто како и подморницата Кило-класа, кружат во британските територијални води, а Кралската морнарица не ги гледа ниту ги слуша, објави лондонски „Телеграф“, повикувајќи се на високи воени извори.

Според весникот, новите руски подморници опремени со тивки дизел-мотори, наводно, се закана за британската безбедност бидејќи ги набљудуваат движењата на британската флота,ги лоцираат подморничките кабли и ги прислушуваат телекомуникациските системи.

Руската амбасада во Лондон повтори дека британските политичари и војската го плашат британскиот народ со наводната руска закана за да добијат зголемено финансирање за одбраната.

Треба да знаете
Последни објави