Во Германија запленет кокаин вреден над 1 милијарда евра

Германските власти потврдија дека се откриени 4,5 тони кокаин во Хамбург, со улична вредност од дури 1,1 милијардa евра! Тоа е најголемата заплена на дрога во германската историја. Царинските службеници го прегледале сомнителниот контејнер кој пристигнал пред две недели од главниот град на Уругвај, Монтевидео, а неговата дестинација бил Антверпен, Белгија.

Во документите пишувало дека тој бил натоварен со соја, но наместо тоа, цариниците откриле дури 221 црна спортска торба со вкупно 4.200 пакувања кокаин.

Покрената е истрага за да се открие кој требало да го преземе кокаинот.

Треба да знаете
Последни објави