Трофејниот шпански фудбалски стартег Пеп Гвардиола кој со Манчестер сити во новата сезона од англиската Премиерлига ќе ја брани титулата најавува жестока битка во која ќе учествуваат шест екипи.
-Ливерпул, Мначестер јунајтед, Тотенхем, Челзи и Арсенал ќе ни бидат сериозни конкуренти во шампионската трка. Мислам дека нема да се сведе трката на два тима како во минатата сезона, рече Гвардиола по победата со Манчестер во „Комјунити шилд“ против Ливерпул.
Новата сезона на Островот почнува викендов. Манчестер сити и Ливерпул во последната сезона водеа неизвесна битка до последниот свиреж. Трката ја добија „граѓаните“ кои со 98 поени први мина низ целта. Ливерпул собра 97 бода и стана првиот тим кој собра толку поени и не ја освои титулата.